Исмаил: Ветото на Бугарија е безбедносно прашање

од Vladimir Zorba
368 прегледи

„Не знам дали сме свесни ама „ветото“ на Бугарија всушност не е ниту историско, ниту дипломатско, ниту пак политичко прашање. Тоа е БЕЗБЕДНОСНО прашање и доколку НАТО-структурите ова не го разбрале, а сигурен сум дека го разбрале, ќе се позанимаваат сериозно“, пишува на својот Фејсбук профил професорот и поранешен министер Ѓунер Исмаил.

„Загрозена е безбедноста на југоисточното НАТО-крило и „кој Тоа го сторил и зошто“, одговорт следи. И одговорноста, се разбира.

Според сите досегашни дејанија комшииве ќе си имаат мака со „нивните патриоти“. И, ако заборавивте, Македонија е ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА НАТО. Па, повелете!

п.с. САД избраа претседател. Се надевам дека додека седне на столчето во Белата Куќа, работите со „оние таму“, ќе биде симната од дневен ред“, додава Исмаил.

Слични содржини