Исмаили ја презеде функцијата министер за култура од Асаф Адеми

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Во просториите на Министерството за култура денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, меѓу досегашниот министер Асаф Адеми и новоименуваниот министер Хусни Исмаили.

Досегашниот министер Адеми му посака срдечно добредојде и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура на новоизбраниот министер Исмаили .

Новоименуваниот министер Исмаили вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за спроведување на проектите од областа на културата во интерес на сите граѓани во Република Северна Македонија.

Новиот министер Хусни Исмаили ја презеде функцијата од Асаф Адеми, кој беше министер за култура од јуни 2018 година.