Испалена ракета од појасот Газа, експлодира во воздух

од desk2
73 прегледи

Ракетата која рано утрово била испалена од Појасот Газа експлодира во воздух, соопштија израелските одбранбени сили (IDF).


Не се објавени детали, но потврдено е дека нема повредени. Проектилот летал кон крајбрежната регија Ашкелон во јужниот дел на Израел. Немало узбуна затоа што проектилот експлодирал во релативно рана фаза од летот.
Инцидентот се случува по ескалација на тензиите во регионот поради што Израел го зголемува военото присуство на Западниот брег.

Најмалку три Израелци се убиени, а еден е повреден во напад со нож. Нападот го извршил 20-годишен Палестинец во населбата Халамиш на Западниот брег, Израел по тоа го подигна нивото на узбуна и пради дополнителни сили таму.
Во петокот палестинскиот претседателМахмуд Абас објави замрзнување на сите контакти со Израел поради насилствата последните денови.

Немирите избија по објавата на Тел Авив дека во Стариот град Ерусалим ќе постави детектори за метал.