Испил отров па се обидел да си го пресече вратот

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Маж од Прокупље, Србија е во животна опасност откако испил инсектицид и сам си нанел повреди на вратот.

Во неделата, тој бил примен на Одделот за итна медицина на Општата болница во Прокупље „Д-р Алекса Савиќ“, каде беше прегледан и, како што пишува Информер, итно пренесен на Нишката клиника за токсикологија.

Според наводите, З. Г. кренал рака на себе прво пиејќи инсектицид, а потоа се обидел да си го исече вратот со нож. Таа повреда не е голема, бидејќи тој веќе бил слаб поради труењето.

Наводниот обид за самоубиство се случил во семејната куќа, каде наскоро бил пронајден од роднина, а интервенирала и брзата помош.

Слични содржини