Испитување на антитела во Институтот, ќе се наплаќаат по 736 денари

од Берта Китинска
375 прегледи

Институот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје ги информира  граѓаните дека испитувањето за присуство на антитела ќе плаќаат приватно по 736 денари.

„Согласно дописот од Фондот за здравствено осигурување почнувајќи од 15 април 2021 година на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема да се работат тестови за концентрација на антитела кон SARS-CoV-2 на товар на ФЗОМ.Оваа услуга ќе биде достапна и натаму само на товар на пациентите (приватно) и ќе чини 736 денари“, стои во соопштението од Институот за имунобиологија  кое е потпишано од директорот на Институтот проф. д-р Александар Петличковски.

Posted by Институт За Имунологија on Friday, 16 April 2021

Слични содржини