Исплатата на помошта од 6000 денари ќе стартува откако ќе се обработат податоците и добијат средствата

од Берта Китинска

Исплатата на помошта од 6000 денари се уште не е започната,  информираа од Македонската банкарска асоцијација.

Отаму велат дека банките се подготвени да почнат со исплата на средствата кои се предвидени за реализација на мерката за финансиска помош од 6.000 денари за купување домашни производи, веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата.

– Во изминатиот период банките интензивно работеа на создавање предуслови за реализација на споменатиот проект.  Во таа насока, банките потпишаа договори со Владата и подготвени се да почнат со исплата на средствата веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата, согласно листите за исплата. Во моментов, исплатата се уште не е започната, и ќе следуваат официјални најави штом сите услови се исполнети – наведуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Дотогаш, ги повикуваат граѓаните – корисници на оваа мерка, поради заштита на јавното здравје, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките.

– Сакајќи да имаме уште еден успешно спроведен проект, кој овојпат има значително пократок рок за реализација, нагласуваме дека сите банки во целост ги ставаат на располагање своите филијали и вработени, притоа до одреден степен ставајќи ги во втор план активностите кои се дел од секојдневното работење, велат од МБА.

Слични содржини