Исплатен 80% од долгот: Приватниците се враќаат на редовните линии

од Nikola Popovski
95 прегледи

Дел од приватните превозници кои од утринава возеа со помал број на автобуси, се враќаат на редовните линии со целосниот капацитет, откако информираа дека се договориле со градската администрација. Според превозник Оливер Петрушевски од „пакет број 1“, постигнат е договор со ЈСП Скопје и денеска се исплатени 80% од вкупниот долг, односно 40 милиони денари.

-Ние уште во моментов ќе се вратиме на линиите. Двата пакети кои утринава возеа само по една тура, сега веќе се активираат од гаражите за да почнат да возат и целосно да ги опслужуваме граѓаните, кажа Петрушевски во изјава за медиумите.

За вториот проблем околу цената по километар, Петрушевски информира дека се прават договори што може да се постигне и очекуваат на првата следна седница на Советот на Град Скопје, да биде ставена како точка на дневен ред.

-Возачите ни бегаат затоа што не можеме да ги исплатиме со подобра плата, истакна превозникот, додавајќи дека во моментов, сите линии се враќаат во нормала, како што било и претходно.

Скопје без приватни автобуси остана и во ноември 2022, исто така поради долг од 1,5 милиони евра. Тогаш градоначалничката Данела Арсовска се искара со превознциите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и ги раскина договорите велејќи дека на градот не му требаат приватни автобуси, дека за џабе пари оделе во приватни џебови и дека ЈСП „Скопје“ може да ги покрие линии кои тие ги одржувале. Но, само неколку месеци подоцна Арсовска распиша оглас и пак ги вклучи приватните превозници во јавниот превоз, но сега договор склучи со други, новорегистрирани фирми.

Слични содржини