Исплатена отштета на жртвите на Епштајн во вредност од 125 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Фондот за отштета на жртвите на сексуална злоупотреба на Џефри Епштајн ја заврши својата работа со исплаќање на 125 милиони долари како компензација на 150 лица, објави во понеделникот Би -Би -Си.

Фондот го објави ова речиси две години по самоубиството на Епштајн во затворот во Њујорк, додека чекаше судење.

Независниот менаџер на фондот, кој беше финансиран од средствата на Епштајн, рече дека добил двојно повеќе барања од очекуваното.

Неколку жртви ја одбиле понудата, што отвара пат за приватни тужби.

По смртта на Епштајн, чуварите на неговиот имот формираа фонд од 600 милиони долари и ги повикаа жртвите да контактираат со нив.

Од 225, 150 беа утврдени дека имаат легитимни барања. Фондот беше отворен и за жртвите кои добиле отштета порано, откако Епштајн беше осуден во 2008 година за поткуп на малолетници.

Поранешната девојка на Епштајн, Гислајн Максвел, се изјасни дека не е виновна за соучество во злосторството. Нејзиното судење започнува во ноември.

Слични содржини