Исплатена платата на вработените во „ЈП Паркови и зеленило“, протестите продолжуваат до исплаќање на примањата и во „Флораком“ и „Луна“

СУТКОЗ и работниците утре излегуваат повторно на улица кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на бул. Илинден (кај Матично)

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: ССМ

Вработените од „ЈП Паркови и зеленило Скопје“ кој воедно е оснoвач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна излегоа на нов протест денеска кој започна во 10 до 12 часот на бул. Илинден кај Фонтана(Матично) и на мостот Гоце Делчев. Од Сојузот на синдикати на Македонија информираа дека вработените кои излегоа на протестот покажаа дека работничката борба за работничката плата дава резултати.

-По завршување на протестот, информирани сме дека платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена и доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре 02.10.2025 година кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на бул. Илинден(кај Матично), истакнуваат од Синдикатот.

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности ги повикува вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес земаа плата на штрајк/протест од солидарност ( согласно Законот за јавни претпријатија) да ги подржат колегите од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.

Инаку, неколкупати вработените до сега излегуваа на протести со барање да им се реши проблемот со платите во спротивно велат и покрај без плата ќе останат и без здравствено осигурување.