891
Манекенката Данијела Димитровска минатата година се разведе од водителот Огњен Амиџиќ со кој го има синот Матија.
Набрзо се дозна дека Огњен стапил во врска со колешката Мина Наумовиќ, а се шпекулираше дека Данијела среќата ја нашла со поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ.
Манекенката подоцна ја потврди врската со шест години помладиот Косниќ, но нагласи дека тој не сака да се појавува во јавност и дека го почитува тоа.
Иако не сакаат да ја разоткриваат врската, сега на своите Инстаграм профили ги објавија првите заеднички фотографии, од одмор.
На фотографијата се гледа Данијела која му седи во скут на Јеврем, а и двајцата не ги тргаат насмевките од лицето па јасно е дека се многу заљубени и среќни.