168
Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони полека се подобрува, но сепак е тешка, изјави денеска неговиот лекар Алберто Зангрило.
Берлускони веќе шести ден е во болница поради компликации предизвикани од пневмонија и хронична миеломоноцитна леукемија, пренесува „Стампа“.
Зангрило изјави и дека Берлускони одговорил на терапијата.
Според „Анса“, во текот на претходната ноќ го посетиле неговите ќерки Марина и Елеонора.