„Исползев низ скршеното стакло“: Рускиот писател близок до Путин ги откри деталите од обидот за атентат

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот писател и провоен блогер Захар Прилепин за првпат се огласи на социјалните мрежи откако беше повреден во експлозија на автомобил-бомба во автомобилот со кој патуваше во саботата. Тој рече дека возел кога неговиот автомобил експлодирал во регионот Нижни Новгород, пренесува „Медуза“.

„Мојот возач Саша беше на совозачкото седиште. Јас бев зад воланот. Експлозијата се случи под неговото тркало. Изгубив свест три минути, а потоа се разбудив и исползев низ скршеното стакло. Дојдоа селани и ми помогнаа. Двете нозе ми се скршени (едната е отворена скршеница) и се здобив со уште една повреда“, го опиша настанот тој.

Тој тврди дека ја оставил ќерката само пет минути пред експлозијата. Во експлозијата загинал неговиот возач и телохранител Саша.

По обидот за атентат, Прилепин со хеликоптер бил пренесен во болница во регионот Нижни Новгород и опериран. Лекарите вчера го разбудиле Прилепин од медицински предизвикана несвесна состојба.

Руското министерство за внатрешни работи веднаш по нападот го уапси осомничениот, 29-годишниот Александар Пермјаков. За нападот обвинети се украинските разузнавачки служби и Западот, пренесува „Индекс“.

Слични содржини