Испораките на вакцината „АстраЗенека“ во Европа ќе бидат помалку од очекуваните

од Берта Китинска
422 прегледи

Вакцината за коронавирус „АстраЗенека“ и Оксфорд допрва треба да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Агенцијата на 12 јануари објави дека добиле барање за одобрување на вакцината, а потоа навеле дека може да донесе одлука на 29 јануари.

„Иако нема рокови за испорака на нашата вакцина, доколку добиеме одобрение во Европа, првите количини ќе бидат помалку од првичните планирани поради пад на производството на една производна точка за нашиот европски ланец на снабдување“, изјави за AFP портпаролот на АстраЗенека.

Европската комисија резервираше до 400 милиони дози од оваа вакцина.

„Ние ќе и доставиме десетици милиони дози на Европската унија во февруари и март и ќе продолжиме да ги зголемуваме количините на производство“, додаде портпаролот, без да ги прецизира точните количини.

Портпарол на Европската комисија задолжен за здравство рече дека АстраЗенека на состанокот на управниот одбор со земјите-членки на ЕУ потврдила дека ќе има измени во роковите за нивно доставување и додаде дека Комисијата се обидува да дознае повеќе за тоа.

Европската унија и ЕМА се под притисок да го забрзаат одобрувањето на нови вакцини за коронавирус.

Вакцината АстраЗаеника има предност затоа што е поевтина за производство од нејзините ривали, а исто така е полесна за чување и транспорт, особено од вакцината „Фајзер“, која мора да се чува на многу ниски температури од минус 70 степени.

Слични содржини