
Милош(30) за српски Блиц раскажува како решил минатата година да го смени полот. Цел живот бил жена, но од лани станал маж и тоа не единствен во неговата земја. На трошок на републичкиот фонд за здравствено осигурување, девет жени се одлучиле да направат комплексна интервенција и да го сменат полот.
Многумина сакаат да ја зачуваат тајната само за себе, меѓу нив е и соговорникот на Блиц, Милош. Тој јавно не открива кој е неговиот идентитет, од каде доаѓа и која е неговата професија, бидејќи неговото опкружување се уште живее во закоравени ставови.
– Јас и понатаму имам потреба да се кријам. Ме интересира само мојот мир, кој долго време ми недостасува. Не сакам да се ставам во позиција да зборувам со некого за мојот претходен физички облик,вели Милош.
Одлуката за да го промени полот била донесена одамна, вели Милош но најпотребно било време за да созрее.
– Имав многу среќа. Работам во државно претпријатие и многу е важно што колегите на работа ме прифатија таков каков што сум. Најверојатно поради моето долгогодишно искуство и соработка таму и поради тоа што имам репутација на добар работник. Пред операцијата изгледав како вистинска жена. Сега можеби сум малку чуден на колегите, но јас отсекогаш бев шишан кратко и се облекував како момче, вели Милош.
Процедурата за промена на полот траела три до четири години. Поминал голем број разговори кај психијатар, хормонски терапии, прегледи, па на крајот оперативен зафат кој траел долго и бил болен.
-Кога се се заврши се почувстував како сум сум скинал некое ланче, како да излегов од кафез и почнав да го живеам мојот вистински живот, раскажува Милош.