90-годишна жена од Велика Британија, Маргарет Кинан, стана првата личност во светот што примила вакцина „Фајзер“ против коронавирусот, без тоа да биде дел од клиничка студија.
Веднаш откако ја прими вакцината, таа изјави дека се чувствува привилегирано, но и дека ужива во целото ова внимание во болницата, како и дека со нетрпение очекува да може да го помине Божиќ со семејството.
„Ништо страшно, ако можам на 90 години, секој може“, вели таа.
youtube.com/watch?v=pIRmQB_1YIE