Испратени се дописи до сите градинки како да се постапува при дојави за бомби, уверува Тренчевска

од Nikola Popovski
277 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат децата од било какви дојави за бомби.

-Веќе постапуваме и испратени се дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат од било какви дојави. Тоа е направено заедно со Министерството за внатрешни работи во делот на градинките како да ги заштитиме и во случај да има дојави, како безбедно децата да излезат од објектите на установите, рече Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“.

На 22-ри февруари годинава за првпат се случи закана за наводно поставена бомба да има и во детска градинка, што после спроведените проверки беше утврдена како лажна.

Слични содржини