„Ист Гејт Мол“: Поплавата настана поради нефункционална атмосферска канализација на булеварот „Александар Македонски“

од Nikola Popovski

Една и недвосмислена вистина е дека поплавата во Ист Гејт Мол настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски. Безбедносните камери од трговскиот центар јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од Булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и истата се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот, велат од трговскиот центар преку соопштение, откако во јавноста се појавија видеа во кои се гледа како објектот „плива“ во вода.

Од таму додаваат дека ова е проблем кој се повторува веќе неколку пати на истото место поврзано со кружниот тек кај Континентал.

Од трговскиот центар изјавуваат дека Ист Гејт Мол е изграден согласно одобрените услови за градба, утврдени со урбанистичко планската документација.

-Трговскиот центар, согласно усвоените документи за безбедност во услови на елементарна непогода брзо ги превзеде сите неопходни мерки најпрво за заштита на посетителите и вработените и успешно го евакуираше центарот без да се загрози нивното здравје и живот што сметаме дека е најважно во услови на елемтарна непогода. Истата вечер и во текот на вчерашниот ден се вршеше исцрпување на водата и санација на оштетувањата. Искрено се надеваме дека набрзо нашите закупци ќе продолжат со нормална работа, а нашите посетители повторно ќе можат да уживаат во својот центар, изјави Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол.

Пред два дена, за време на невремето што го зафати Скопје, на социјалните мрежи се споделуваа видеа и фотографии на кои се гледа големо количество вода на паркингот од ТЦ, но и во приземјето.

Слични содржини