Ист Гејт „плива“ во вода

од Nikola Popovski
312 прегледи

Силно невреме пропратено со пороен дожд, град, грмежи и ветер денеска го зафати Скопје и другите делови на земјава.

Во главниот град многу улици се под вода, ветрот соборуваше дрвја и однесе покриви, а голем број објекти од јавен карактер беа поплавени, меѓу кои и трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.

Поплавени се подземните гаражи, а како што може да се види од објавените видеа на социјалните мрежи, некои од дуќаните „пливаат“ во вода, при што дел од вработените се обидуваат да ја извадат робата што ја имаат внатре.

„Прво се гради инфраструктура и атмосферска канализација, а после се гради мол. Кај нас се е обратно“, „Катастрофа“, „Вотер Гејт“ … се само дел од коментарите по социјалните мрежи.

Слични содржини