Истанбул: Град ги скрши прозорците на авион на Turkish Airlines

од desk2
118 прегледи

Град со големина на голф нанесе голема штета на авион на турската компанија Turkish Airlines.

Hurriyet јавува дека 13 авиони на Turkish Airlines, кои летале кон аеродромот „Ататурк“ се пренасочени на други аеродроми поради силен дожд, бура и град.

Патникот Сакир Бахадир, кој летал со авион Airbus A321 во сопственост на Turkish Airlines на летот TK969 од Никозија кон Истанбул, рекол дека помислил оти авионот ќе бадне во море.

Авионот претрпел голема штета, напукнати прозорци на кокпитот, а видлива е штетата и на носот на авионот, трупот и крилата. Авинот летал два часа, а потоа слетал на аеродромот „Чанаккале“.

Товарно возило удри во авион на компанијата Kalitta Air и го пробил трупот од десната страна, но во моментот во него немало никој, па нема повредени.

Авинот на компанијата Atlas Jet plane итно слетал на „Ататурк“ заради напукнати стакла на кабината на пилотот.Авинот полетал, но се вратил поради невремето. При слетувањето носот на авионот значително се оштетил.

Невремето во турција траело дваесетина минути, но направило голема штета. Кран во пристаништето Хајдарпаша паднал и предизвикал експлозија.

Тунелот Евроазија под Босфор е затворен, а во Куртулуш се урнал ѕид и повредил двајца.