Истанбул: Илјадници жени учествуваа на маршот на Денот на жената и покрај забраната (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Во Истанбул, и покрај забраната, илјадници жени учествуваа на маршот по повод Меѓународниот ден на жената, демонстрирајќи околу два часа пред полицијата да употреби солзавец за да го растера протестот и да приведе некои учеснички.

Протестот во центарот на Истанбул во средата беше организиран со барање да се почитуваат правата на жените, како и поради големиот број жртви од земјотресот што пред еден месец ги погоди Турција и Сирија, пренесе АП.

Втора година по ред, на организаторите им беше забрането да маршираат по пешачката авенија Истиклал во најголемиот турски град, каде што од 2003 година се одржуваат маршеви за Денот на жената.

Слични содржини