Истекува рокот за исплата на откупеното грозје

од desk3
76 прегледи

Денеска истекува законскиот рок до кој винарските визби требаше да го исплатат грозјето откупено минатата година.

Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов вели дека според информациите од терен некои од винарниците го имаат целосно исплатено откупеното грозје, но оти има и такви кај кои намирувањето на обврските кон производителите на грозје е со многу мал процент.

grozje1

Ги повикува винариите да го платата откупеното грозје на лозарите во најскоро време.

Како претседател на регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија”, тој нагласи дека на лозаропроизводителите им се неопходни парите кои ги побаруваат од винарските визби, затоа што во тек се активностите во лозјата околу новата производствена сезона

-Искуството покажа дека лозарите се повеќе одлучуваат да го продаваат грозјето на винарите кои редовно плаќаат, а ги избегнуваат оние кои на секаков можен начин се обидуваат да ги изманипулираат нив, истакнува Аризанов./МИА