Исто како да кажете дека нема да се запишете на факултет, затоа што постои можност во трета година да паднете на некој испит, вели Маричиќ за пречките на евроинтеграцискиот пат

од Nikola Popovski
266 прегледи

Антиевропската политика на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде победничка политика на изборите. Јас сум сигурен од таа причина дека партијата нема да ги добие изборите. Сигурен сум дека проевропскиот блок и по изборите повторно ќе ја формира Владата. Изборот ќе биде на ВМРО-ДПМНЕ дали трајно ќе се претвори во анти-европска партија или ќе ја промени својата позиција и она што го кажува како декларативна заложба, ќе го покаже и во пракса, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција во Владата, запрашан дали доколку СДСМ изгуби на следните парламентарни избори, би ги гласала уставните измени како опозиција.

Маричиќ смета дека „ние можеме да најдеме илјада изговори за да не ги направиме уставните измени, како што прави опозицијата, меѓутоа тоа е исто како да кажете дека нема да запишете на факултет, затоа што постои можност во трета година да паднете на некој испит“.

-Затоа мислам дека ниту една држава не се откажала од евроинтегративниот пат, заради тоа што постојат пречки на него во текот на преговорите, рече тој, меѓу другото, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини