Историчарите повторно на заедничка маса, ќе се разговара за Гоце Делчев

од Nikola Popovski

Членовите на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска и утре во Софија ќе одржат нова средба, прва оваа година, на која според најавите ќе се разговара по забелешките за учебниците по историја, како и за Гоце Делчев.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи минатата недела изрази надеж дека Комисијата ќе продолжи да работи во конструктивен амбиент и ќе покаже отвореност и добра волја за напредок и отворање на перспективи.

Според најавите во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

На претходната 16. средба, одржана на почетокот на декември 2021 година, членовите на Комисијата, како што соопшти тогаш македонската страна во ова заедничко тело, не успеаја да ги надминат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата.

Слични содржини