ИСТОРИЈА! ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАРС: НАСА бара знаци на живот! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
275 прегледи

По седуммесечно патување во вселената и вложени милијарди долари, ровер на Американската вселенска агенција (НАСА) вечерва слета на Марс со задача да утврди дали во минатото постоел живот надвор од Земјата.

НАСА објави дека роверот, наречен „Упорност“, го заврши последниот, најризичен дел од патувањето и дека вечерва успешно слета на површината на Црвената планета каде ќе собере геолошки примероци и ќе ги донесе на Земјата за околу 10 години каде што тие ќе бидат анализирани, во потрага по древни форми на живот, пренесува АП.

Слетувањето на роверот беше најризичниот дел од операцијата, имајќи предвид дека тој влезе во атмосферата на Марс со брзина од дури 19.500 километри на час, што требаше да се намали со падобран и ракетна платформа.

Ровер слета во кратерот наречен „Езеро“, локација за која се верува дека имала езеро широко со дијаметар од околу 50 километри пред 3,5 милијарди години.

Покрај роверот на НАСА, во јули минатата година на Марс беа испратени и вселенските летала на ОАЕ и Кина, бидејќи поради меѓусебната положба во која се најдоа Земјата и Марс тогаш патот беше пократок – вкупно околу 300 милиони милји.

Ако некогаш постоел живот на Марс, тоа се случило пред три до четири милијарди години кога сè уште имало вода на таа планета, сметаат научниците.

Оваа мисија на Марс ја чинеше НАСА скоро три милијарди долари.

Слични содржини