Историја во НБА: Јокиќ е избран за МВП!

од Nikola Popovski
362 прегледи

Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, е прогласен за најкорисен играч во сезоната 2020/2021 во НБА-лигата. Центарот од Сомбор на тој начин стана првиот српски кошаркар избран за МВП на најсилната кошаркарска лига во светот.

Информацијата најпрво ја пренесе новинарот на порталот Атлетик, Шемс Чаранија, а потоа другите светски медиуми започнаа да објавуваат дека новиот МВП доаѓа од Србија.

Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата што ја добил наградата за најкорисен играч во лигата, а да е избран во вториот круг од НБА-драфтот.

Јокиќ беше избран од Денвер Нагетс на 41-ви пик на драфтот пред седум години.

Јокиќ зад себе има неверојатна сезона во која ги одигра сите 72 натпревари, со просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.

Најимпресивно е што српскиот играч го водеше тимот до третото место на Западната конференција, а притоа кон завршницата на регуларниот дел играше без вториот најдобар играч на тимот, Џамал Мареј.

Сезоната за Јокиќ сè уште не е завршена бидејќи тој игра во полуфиналето на конференцијата, што е уште еден подвиг откако ослабениот тим успеа да се провлече во второто рунда од плејофот.

Слични содржини