Илјадници луѓе вчера беа пред аеродромот во Париз и чекаа авионот со Лионел Меси да слета за конечен договор со ПСЖ. Тоа не се случи во понеделникот, но вторникот стана историски ден за светот на фудбалот.
Меси го напушти клубот каде што беше од младоста. Тој замина, иако не по своја волја, бидејќи челниците на Барселона мораа да се разделат поради правилата на финансискиот фер-плеј. И се помина многу емотивно. Аргентинецот плачеше на последната конференција.
https://www.instagram.com/p/CSaDiI0CFKf/?utm_source=ig_web_copy_link
Сепак, еден ден подоцна има насмевка на лицето. И тоа многу широка. Меси згазна на „Паркот на принцовите“ и за прв пат го зеде дресот на Париз во свои раце. Како што рековме, за историјата.
🇦🇷 Leo Messi
🇫🇷 PSG
🔵🔴 30 a la espalda pic.twitter.com/PMc9nlUtgc
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 10, 2021
Затоа натпреварот против Стразбур во сабота ќе биде спектакл. Особено ако Аргентинецот се најде во стартниот состав. Билетите веќе чинат над илјада евра во предпродажба.
https://www.instagram.com/p/CSaNZevjGkl/?utm_source=ig_web_copy_link
Ќе биде невозможно да се добие парче хартија што гарантира влез на стадионот.