Историјата се повторува: ВМРО-ДПМНЕ најавуваа победа на Трајановски со 10% и на локалните во 2017-та

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Пред секои избори пропагандната кујна на ВМРО-ДПМНЕ шири резултати од лажни анкети спроведени од сомнителни агенции, институти или организации. Најновата анкета што ја шират медиуми блиски на ВМРО-ДПМНЕ е спроведена од т.н. „Организација за граѓански активизам и независност”, која нема ниту веб-страница и за која никој нема чуено пред да биде објавена анкетата.

За потсетување, една седмица пред локалните избори во 2017, ВМРО-ДПМНЕ ширеше анкети од нивните партиски институти и агенции дека Коце Трајановски водел во Скопје над 10% пред Петре Шилегов.

На денот на изборите сепак се случи нешто сосема друго. Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов победи со над 40.000 гласови предност во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, уште во првиот круг.

Никој од ВМРО-ДПМНЕ не им се извини на граѓаните за лажната анкета според која Коце Трајановски наводно водел пред Петре Шилегов со 36.2% спрема 26.1%.

На локалните избори за Град Скопје во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат и нема своја политичка понуда за скопјани, освен „независната“ кандидатка Данела Арсовска поддржана од партиската коалиција ВМРО-ДПМНЕ-АА-АЛТЕРНАТИВА.

Слични содржини