Историска бура на Флорида: Милион луѓе без струја, илјадници летови откажани

од Nikola Popovski

Ураганот Иан ја погоди Флорида, а жителите на заливскиот брег на Флорида ги испразнија полиците од намирници, ги блокираа прозорците со даски и се евакуираат во засолништата.

Иан прерасна во исклучително опасен ураган од четврта категорија, објави Националниот центар за урагани на САД (NHC). Речиси милион луѓе на Флорида се без струја.

Сателитските снимки објавени од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) покажуваат молњи околу окото на бурата. Иан стигна и до југозападниот брег на Флорида.

Водата се повлече на плажите во Флорида, издадено е предупредување

Од плажите на Флорида се повлече значителна количина на вода.

„Ветровите на ураганот Иан се вртат спротивно од стрелките на часовникот додека се движи кон север по полуостровот Флорида, така што неговите ветрови ја исфрлаат водата од брегот пред центарот. Како што се движи бурата, ветровите во нејзината источна и долна половина ќе ја туркаат водата назад кон копното – и кон внатрешноста – со неверојатни брзини“, објаснува NPR.

Националната метеоролошка служба објави фотографии од риболовното пристаниште Венеција во Тампа.

Предупредувања за торнадо за Орландо и околните области

Додека областите на западниот брег на Флорида го чувствуваат директното влијание на ураганот Иан, регионите надвор од директната патека на бурата се подготвуваат за можни торнада.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за торнадо до 17 часот по локално време (22:00 часот по Гринич) за големо подрачје на источна и централна Флорида.

Посебно, зголемен е ризикот од торнада да ги погодат Дејтона Бич, Орландо и Вест Палм Бич на источната страна на полуостровот.

Откажани се повеќе од 1.000 летови низ Флорида

Повеќе од 1.000 летови беа откажани низ Флорида. Повеќето од откажаните летови биле на меѓународниот аеродром во Орландо. На меѓународниот аеродром во Мајами вчера беа откажани уште 206 пристигнувања и 214 полетувања. Дополнително, вчера беше затворен меѓународниот аеродром во Тампа, а денеска беа откажани стотици летови. Затворен е и меѓународниот аеродром во Југозападна Флорида во Форт Мајерс.

Крајбрежната стража трага по 23 лица кои биле на брод што потона во близина на брегот на Флорида

Американската крајбрежна стража трага по повеќе од 20 мигранти во водите во близина на брегот на Флорида. Четворица кубански мигранти допливале до островот Сток во Флорида Кис, откако нивниот брод се превртел во бура, изјави шефот на американската гранична патрола.

Агентите на американската гранична патрола сега трагаат по 23 лица за кои се верува дека биле на истиот брод, пренесува „Индекс“.

 

 

Слични содржини