300
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Британија, откако славеше на првата, историска спринт квалификациска трка.
Холандскиот возач оваа сезона стигна до петтата пол-позиција на легендарниот „Силверстоун“, и седма во кариерата, откако во спринт-трката за секунда и половина беше побрз од Луис Хамилтон со Мерцедес.
Двајцата ги следеше уште еден возач на германскиот тим, Валтери Ботас, кој заостана шест секунди за својот тимски колега.
Само тројцата запишаа поени – Верстапен три, Хамилтон два и Ботас еден.
Спринт трката за прв пат ги замени стандардните квалификации овој викенд, а ваквиот формат на тркачки викенд ќе видиме уште двапати оваа сезона – во Монца и на „Интерлагос“.