Историска пресуда за Малчанскиот бербер, донесена највисоката казна во Србија

од Берта Китинска
218 прегледи

Нинослав Јовановиќ, попознат како Барберот од Малча, беше осуден на доживотен затвор за киднапирање и злоупотреба на дванаесетгодишно девојче!

Јовановиќ е осуден на 11 години затвор за киднапирање на 12-годишно девојче, додека за силување во продолжено траење е осуден на доживотен затовр, па како единствена казна му е изречена токму доживотен затвор.

Малчанскиот бербер прекарот го доби поради својата свирепа потреба жртвите да ги шиша пред да ги силува. Повеќе од 20 години од својот живот ги поминал зад решетки, а секојпат кога ќе излезе на слобода, го повторувал кривичното дело.

Јовановиќ, повеќекратен силувач, девојчето кое тогаш имало 12 години го грабнал на 12 декември 2019 година во Брзи Број во 7.25 часот, пресретнувајќи го на пат до училиште.

Слични содржини