Историска ракета на SpaceX се преврте на платформата при враќањето на Флорида

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Лошите временски услови на море предизвика ракетата Falcon 9 на SpaceX, која успешно слета рекордни 19 пати, да се преврти на враќањето кон Флорида.

SpaceX објави во понеделникот вечерта дека ракетата за повеќекратна употреба, која првпат полета на историската мисија Демо-2 во 2020 година со астронаутите на НАСА Боб Бенен и Даг Харли, го заврши својот последен лет.

„За време на враќањето во пристаништето рано наутро, ракетата се преврте на бродот на платформата поради силните ветрови и бранови. Поновите верзии на Falcon ги надградија самонивелирачките краци за слетување за да ги ублажат ваквите проблеми“, објави SpaceX на платформата X.

Последниот ракетен лет се случи во раните утрински часови во саботата. Falcon пренесе уште 23 сателити Starlink на SpaceX во вселената пред конечно да слета на океанска платформа.

Летот Демо-2 на 30 мај 2020 година, беше првиот лет со екипаж од Флорида по завршувањето на програмата Space Shuttle 2011. Тој го отвори патот за редовната комерцијална екипа на SpaceX и приватните мисии кои веќе однесоа 42 луѓе во вселената на 11 мисии.

„Само оваа ракета за повеќекратна употреба лансираше двајца астронаути и повеќе од 860 сателити во орбитата за три и пол години“, објави SpaceX на платформата X.

Напорите за повторна употреба на ракетите на SpaceX му овозможија да се приближи до 100 лансирања годишно од неговите капацитети во Флорида и Калифорнија. Само од вселенскиот брег во Флорида, SpaceX изврши 66 од 70 лансирања и планира уште најмалку едно лансирање пред крајот на годината.

Слични содржини