195
Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Берлин потпишаа договор за долгорочни безбедносни обврски.
„Историски чекор. Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина против руската агресивна војна“, наведе Шолц на социјалната мрежа Х.
Засега не се познати деталите од договорот.
Зеленски утринава пристигна во посета на Германија, а подоцна треба да отпатува за Париз.
Од Елисејската палата беше соопштено дека Зеленски во Париз ќе потпише безбедносен договор со францускиот претседател Емануел Макрон, пишува германски „Шпигел“.
Во јануари Украина потпиша безбедносен договор со Велика Британија.