Историски момент за Формула 1, се приклучува гигант од Америка

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Формула 1 официјално објави дека во 2026 година американскиот тим чиј партнер е General Motors ќе добие дозвола да се натпреварува во најбрзиот караван во светот.

Според информациите, постигнат е начелен договор за внесување на Cadillac во шампионатот, а новиот тим ќе го користи моторот на Ferrari во првите две години.

Планот е до 2028 година да се официјализира соработката со General Motors.

Да потсетиме, викендов Макс Верстапен по четврти пат стана светски шампион, по Големата награда на Лас Вегас. До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, во Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Слични содржини