За Шпанците спектакл за кој не можеа ни да сонуваат, за Германците историска бламажа. Во Севиља, на Олимпискиот стадион, зачудувачки и многу веројатно неповторливи 6:0! Германскиот фудбал не памети таков дебакл! Со исклучок на предвоените пријателски натпревари со Австријците и Англичаните, ова е убедливо најтешкиот неуспех на „панцирите“ во 120 години постоење.
Во приказните дека светските шампиони од 2014 година не се заинтересирани за Лигата на нациите, по овој срам, повеќе нема сомнеж. Бидејќи тука веќе не станува збор за пласман или непласирање на Ф4, туку за нарушување на угледот на една од најмоќните фудбалски сили во светот.
Ова не е шамар – ова е нокаут за учебниците по историја.
Што се случуваше на натпреварот, во видето подолу.
https://www.youtube.com/watch?v=M9550a7L1WM