Историски „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Расел Вестбрук влезе во историјата на НБА-лигата постигнувајќи синоќа во победата на Вашингтон Визардс со 132:124 на домашен терен над Индијана Пејсерс со 35 поени, неверојатни 21 асистенции и 14 скока.

Ова се случува за прв пат во историјата на НБА кога кошаркар постигнува „трипл-дабл“ со 35 поени и најмалку 20 асистенции.

Руи Хачимура додаде 26 поени и осум скока, а Чендлер Хачисон додаде 18 поени за „волшебниците“, кои играа без најдобриот стрелец во НБА, Бредли Бил.

Слични содржини