Историските измислици на Волт Дизни во „Мулан“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Во многу од фиолмовите на компанијата Walt Disney сценаријата користат делови од класични приказни и детски бајки, а исто така и митови. Но, додека компанијата си постави автоцензура за кадри со цигари, еротика и друго, според американскиот видео блогерот Џон Грин, Walt Disney воопшто немаат проблем со тоа да си поиграат со историските факти.c3a3fbc021bdeaec0980dd367568f7e9

Влогерот гледа голем дел од цртаните филм, па ни открива неколку сериозни недоразбирања во “Мулан”.

“Сценариото зело по нешто од кинеската историја, попрскувајќи со драматургија и направиле филм”, вели Џон Грин.

Класиката “Мулан” излегува на екранот во 1998 година, а снимката е инспирирана од древна кинеска легенда, која датира од 6-тиот век по Христа. Во неа се вели дека Ха Мулан живеела за време на шестата династија Суи меѓу 420 и 589 година по Христа и тука почнуваат парадоксите …

“На почетокот на анимираниот филм хероината Мулан слика хиероглифи по раката, но излегува дека симболите кои таа темелно ги графира, се измислени дури во 1950 година”, раскажува Џон Грин.

Понатаму во снимката се состануваме со дел од културно-историското наследство на Кина – Кинескиот ѕид. Одбраниот ѕид е изграден во III век, но првичниот проект нема никаква врска со она што денес го познаваме како Кинескиот ѕид. Конечниот изглед на ѕидот е завршен во 14 век.

Следниот анахронизам во “Мулан” е повеќебоен огномет. Првата форма на огнометот е откриена во 12 век во Кина, а повеќебојниот огномет дури во 18 век. Сето ова се разминува со времето во кое легендата за Мулан се развива.