„Истото момче што го запознав на 17 години“: Зеленски денес слави роденден, сопругата му честиташе со емотивна порака

од Radmila Tasevska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го слави својот 45 роденден, а емотивна јавна честитка доби од сопругата Олена.

Зеленски е роден на 25 јануари 1978 година, а овој пат не слави роденден поради војната. Сепак, неговата сопруга решила да го израдува со емотивна порака која ја објавила на својот Твитер профил.

„Често ме прашуваат како си се променил оваа година. И јас секогаш одговарам: „Тој не се смени“. Тој е истиот. Истото момче што го запознав кога имавме седумнаесет години. Но, нешто се промени: сега се смееш многу помалку. На пример, како на оваа фотографија …“, напиша Зеленска.

Таа на својот сопруг му посака многу причини за смеење во иднина и нагласи дека е доволно тврдоглав да ја постигне целта на која сите се надеваат.

Слични содржини