Истрага во Косово против сите кои во последно време ја минале границата со Македонија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека секој кој во последно време ја минал границата со Македонија ќе подлежи на истрага, но не прецизира точно за кој временски период станува збор, јави дописникот на МИА.

kosovo_policija_anadolija_main

Обвинителството ја потврди и денешната акција на косовската полиција која во неколку региони на Косово изврши претреси во куќите на лица за кои постојат сомнежи дека учествувале во вооружената престрелка во Куманово.

Според онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“, во кофликтот за време на викендот во Куманово и официјално е потврдено учеството на одреден број Косовци. Некои од нив се уапсени додека некои се и убиени, стои во написот на „Експрес“.

Претходно, весникот јави дека косовската полиција врши претреси во куќите на Косовците учесници во воружената престрелка во Куманово и повикувајќи се висок полициски функционер наведе дека „се конфискуваат фотографии, документи, како и други доказни материјали за причините за вмешаност на овие лица во конфилкот во соседната земја“.

Исто така и дел од семејствата за весникот потврдиле дека полицијата извшила претрес во нивните домови и земала материјали, за што тие потпишале и записник./MIA