355
Организациониот комитет на Олимписките игри во Пјонгчанг истражува сигнали за ширење на кучешко месо покрај спортските капацитети. Сон Пек Ју објасни дека во провинцијата Канвондо, каде што се одржуваат игрите, има околу 200 кучешки фарми кои изработуваат и продаваат деликатеси.
„Дознавме од медиумите дека покрај спортските објекти се продава кучешко месо. Ги проверуваме информациите, но до моментов немаме потврда дека тоа реално се случува. Во денешно време се повеќе Корејци одгледуваат кучиња за домашни миленици и традицијата да се јаде нивното месо постепено умира“, објаснува Сон Пек Ју.
Секоја година околу 2 милиони кучиња од месо се убиени во Република Кореја.