Португалското правосудство во средата објави дека покренало бројни истраги од фудбалски клубови во врска со затајување данок.
Се наведува дека 40 даночни инспектори и 50 жандарми спровеле околу 20 истраги, а на мета биле клупските простории на таа компанија и адвокатските канцеларии со кои соработуваат клубовите. Инспекторите се сомневаат дека фудбалските клубови и претставниците на фудбалерите склучиле договори за да ги прикријат вистинските даночни приходи.
Се проценува дека измамите изнесуваат околу 15 милиони евра, а медиумите наведуваат дека по нерегуларности водат Брага и Виторија од Гимараеш.
Во понеделникот беше извршен упад во просториите на Порто поради затајување данок, а под лупа беше плаќањето на провизии при трансфер на играчи во вкупна вредност од 20 милиони евра.