Во САД се спроведува истрага за корупција против претставници на ОН, објави “Волстрит џурнал”, повикувајќи се на свој, одлично информиран извор.

Џон Еш, поранешен амбасадор во ОН од Антигва и Барбуда, кој претседаваше со генералното собрание од 2013 до 2014 година, е обвинет за земање на $ 1,3 милиони. Мито од кинески бизнисмени. Според податоците на истрагата високи службеници на ОН добиле мито за градежни проекти во Макао.
Џон Еш е уапсен, соопшти BBC. Обвинението е за добивање на поткуп од кинески бизнис магнат и други бизнисмени за добивање на поволни инвестиции и јавни набавки. Еш ја користел функцијата во ОН, за да се наметнат документи во корист на кинескиот милијардер Нг Лапсен при проекти во Макао – еден од најголемите играчи на пазарот на недвижности во Макао.
Американските власти уапсија други 6 лица, за кои се претпоставува дека учествувале во масовна корупциска шема, која дејствувала во текот на барем три години.
Некои од парите биле добивани од вработените на ОН на сметки во држави на Карибите.