Истрага за велепредавство на Порошенко поради разговори со Бајден и Кери (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Канцеларијата на украинското обвинителство покрена истрага против поранешниот претседател Петро Порошенко за велепредавство и злоупотреба на службената должност, по објавувањето на снимки од неговите разговори со поранешни американски претставници.

Според украинското обвинителство, ова се разговори на Порошенко со потпретседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Џон Кери.

Во вторникот украинскиот пратеник Андреј Дерках објави аудио-снимка од телефонски разговори во кои, како што тврди, Порошенко разговара за домашните политички теми со Бајден и Кери на крајот на 2015 и почетокот на 2016 година, пренесува ТАСС.

Во еден од разговорите од 3 декември 2015 година, Кери вели дека американскиот претседател ќе размисли за решавање на проблемот со замена на обвинителот Виктор Шокин.

Кери исто така, наводно, вели дека Бајден е загрижен за ова прашање.

Снимките содржат и некои информации што укажуваат на мешање на САД во внатрешните работи на Украина.

https://www.youtube.com/watch?v=iaE9OZ89bnQ