284
Податоците добиени во истрагата покажуваат дека злосторството во кое загина Дарја Дугина било претходно планирано и нарачано, соопшти Истражниот комитет на Русија.
Утврдено е дека експлозивната направа била поставена под возачкото седиште, а Дугина, која била зад воланот, починала на лице место, се вели во соопштението што го пренесува „Спутник“.
Инспекторите, во соработка со експерти од Главната управа за судска медицина на Рускиот истражен комитет, продолжуваат со увид на местото на злосторството.