Истражителите го бараат убиецот од Атина меѓу 98-те уапсени: Oставил трага од ДНК на жртвата

од Stefanija Kuzmanovska
459 прегледи

Грчкиот портал NewsIT пренесува дека истражителите се сигурни дека меѓу 98-те уапсени е и убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис. За време на нападот на навивачите на Динамо во кој до смрт беше избоден навивач на АЕК, наведено е дека убиецот оставил трага од ДНК на жртвата.

Надлежните ја вршат идентификацијата на сите уапсени земајќи генетски материјал кој ќе го споредат со пронајдениот на облеката на несреќниот млад човек од Елевсида.

Според NewsIT, убиецот на Михалис се погрижил да го сокрие ножот по злосторството. Полициската потрага по ножот кој всушност е клучен доказ, е во тек.

Се земаат изјави од очевидци, а се анализираат и видео снимките од местото на настанот.

За истрагата е надлежен Одделот за спортско насилство, а им помагаат полициски службеници од одделението за убиства. Истиот тој оддел бил запознаен со доаѓањето на хрватските хулигани и писмено ги известил надлежните служби за да ги уапсат и да спречат инцидент, пишува NewsIT.

Слични содржини