Истражителите од теренот однеле неколку кеси: Пронајдена „релевантна трага“ во случајот на Медлин МекКен?

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

За време на тридневната потрага по Медлин МекКен во Португалија, прва голема по девет години, полицијата пронашла „релевантна трага“, пренесува португалскиот CM Jornal.

„Неколку инспектори биле ‘концентрирани’ на помал простор каде бил извршен претресот“, пишува CM и додава дека во текот на акцијата барале и влакна од пижамите што ги носела Меди ноќта на нејзиното исчезнување. Се користеше најсовремена технологија, како и кучиња трагачи.

Засега нема индикации што е пронајдено при оваа операција, но истражителите од теренот однеле неколку кеси. Нивната содржина, потврди вчера португалската полиција, ќе биде испратена на анализа во Германија.

И како што пишува „Дејли Мејл“, сето ова ќе потрае некое време. Деталната анализа, според Британците, би можела да потрае неколку месеци. Родителите на Меди ќе мора да почекаат уште малку додека не дознаат дали има некаква новост за нивното дете.

Новата акција за потрагата по Меди е започната откако германската полиција добила дојава од доушник, која ја прогласиле за веродостојна. Контактирале со португалската полиција и била преземена акција.

Потсетуваме, на почетокот на неделата, полицијата на три земји – Германија, Португалија и Британскиот Скотланд Јард, започнаа нова опсежна потрага, прва поголема потрага на теренот по девет години, и ја пребараа областа околу вештачкото езеро во португалската провинција Араде.

Последната таква голема потрага по Меди беше во 2014 година. Тогаш британската полиција добила дозвола да истражи во Праја де Луз, каде исчезнала Медлин. Во акцијата биле вклучени и кучиња трагачи, но не нашле корисни индиции.

Меди исчезна во 2007 година. Родителите отишле на вечера, а кога се вратиле во апартманот неа ја немало.

Слични содржини