Истражувачи: Секојдневната употреба на канабис го зголемува ризикот од срцев удар

од Vladimir Zorba
408 прегледи

Истражувачите од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија денеска објавија студија, според која секојдневната употреба на марихуана го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Според истражувањата, луѓето кои секојдневно користат канабис имаат 34 отсто поголеми шанси да имаат коронарна артериска болест, најчеста форма на срцева болест, во споредба со оние кои никогаш не користеле дрога, пренесe Блумберг.

Претходните студии покажаа дека пушачите на канабис, особено помладите, може да имаат зголемен ризик од мозочен удар или други болести, а од друга страна, неговата употреба е во пораст во многу делови од светот поради неговите ефекти во ублажување на хронична болка и помагање на состојби, како гадење, предизвикани од хемотерапија.

Слични содржини