Истражувачите открија дека гените на мајката и бебето имаат спротивни цели

од Stefanija Kuzmanovska

Траењето на бременоста е контролирано од генетиката, но гените на мајката и бебето се во конфликт на интереси, открија истражувачите.

Гените на жената го фаворизираат пораното започнување на породувањето за да ѝ го олеснат, но и поради сопствениот опстанок, додека гените на нероденото дете фаворизираат продолжување на бременоста со цел да добие поголема телесна тежина, изјави тим на истражувачи од Универзитетот во Гетеборг во Шведска објавено во списанието Nature Genetics.

Двете групи на гени „постигнуваат некаков вид на компромис“, рече водачот на студијата Пол Сол Неве во изјавата.

Неговиот тим ја проучува генетиката на бременоста за да ја постави основата за развој на лекови за да се спречи предвремено породување и, кога е потребно, да се поттикне породувањето. Работејќи со меѓународна мрежа од 90 колеги, тие имаат податоци за речиси 280.000 породувања, пренесува „Ројтерс“.

Новите наоди „ни дадоа повеќе начини да разбереме како се започнува породувањето, и во правиот термин и при предвремено породување“, рече во изјава постариот автор д-р Бо Џејкобсон.

„Успеавме да идентификуваме голем број на претходно неоткриени генетски варијанти поврзани со времето на породувањето, кои обезбедуваат неспоредлив увид во основните биолошки механизми“, додаде д-р Џејкобсон.

Слични содржини