Истражувачкиот центар “Пју” предвидува: До крајот на векот исламот ќе владее со светот,

од desk2
110 прегледи

Пред крајот на векот исламот ќе стане доминантна религија во светот. За две децении бројот на бебињата родени во муслимански семејства, ќе стане поголем од оној на децата на христијани што ќе го направи исламот најзастапена религија до 2075 година. Ова го покажува студијата на истражувачкиот центар “Пју”.

Во исто време луѓето кои не исповедаат никакви религии, ќе се намалат како пропорција на глобално ниво поради зголемениот број на муслимани и христијани.

Според анализата, цитирана од британскиот весник “Гардијан”, ќе се набљудува скромна, но значајна демографска промена во однос на верската припадност во наредните децении и со драстичното зголемување на заедниците на југот и стареењето на европскиот континент.

Во периодот меѓу 2010 и 2015 година 31% од бебињата биле во семејства на родители муслимани, што претставува зголемување во споредба со 24-те проценти што паѓаа на муслиманите во светот.

Во истиот период 33% од децата се родени во семејства на христијани – малку повеќе од нивниот 31 процентен удел од светското население.

Тоа се очекува да се промени благодарение на помладите родители од муслиманско потекло и повисоката стапка на наталитет. Помеѓу 2030 и 2035 година вредностите на родените деца од двете главни религии речиси ќе се израмнат – 225 милиони бебиња на родители муслимани против 224 милиони новороденчиња на родители христијани.

Оваа разлика ќе се зголеми во периодот 2055 година – 2060 година, кога ќе достигне бројката од 6 милиони муслимански бебиња повеќе. Важна компонента за зголемувањето на муслиманското население е и смртноста, која кај христијаните во Европа значително го надминива бројот на породувања.

Во Германија помеѓу 2010 година и 2015 година имало 1,4 милиони повеќе смртни случаи отколку раѓања кај христијанското население. Според цитираната судија “Гардијан” вели дека овој модел се очекува да се задржи во поголем дел од Европа и во наредните децении.

“Во контраст со бумот на раѓања на бебиња кај муслиманите, луѓето кои не се идентификуваат со ниедна религија, доживуваат многу различни тренд”, посочуваат од “Пју”. Овие луѓе претставуваат 16% од населението во светот, но нивните деца се 10% од бебињата на глобално ниво. До 2055 година – 2060 година 9% од сите бебиња ќе се родени од мајки без одредена религија.

Во исто време 70% од нив ќе се или на муслимани (36%) или на христијани (35%), посочува агенцијата. Луѓето без религија се концентрирани главно на места со старечко население и ниска стапка на наталитет, како Кина, Јапонија, Европа и Северна Америка.

Назад, религиите со многу следбеници се во земјите во развој, каде што има висока стапка на наталитет и намалување на нивото на смртност. Во 2015 година од вкупно 7,3 милијарди во светот христијанството била доминантна религија кај 31% од населението.

Муслиманите пак се на второ место со 24% од светското население, проследено со луѓето без верска припадност со 16%, хиндусите со 15% и будистите со 7%. Евреите и луѓето со други религии имаат помал процент од светското население.