Истражување: Холандија најтолерантна земја, РС Македонија на 80. место

од Aleksandar Petrovski
192 прегледи

Холандија е најтолерантна земја во светот, покажува извештајот за Индекс за инклузивност за 2019 година, изработен од Универзитетот во калифорнија.

Северна Македонија е рангирана на 80. место од вкупно 132 држави кои се оценувани оваа година.

После Холандија следуваат Шведска, Норвешка, Португалија, Ирска, велика Британија, Канада, Финска, Луксембург и Данска. При врвот се и Германија, Австрија, Белгија и Австралија.

Од државите во регионот, најдоброрангирана е Хрватска, која се наоѓа на 13. место. Потоа следува Албанија (18), Словенија (30), Србија (40), Босна и Херцеговина (45) и Црна Гора на 81 место.

Најмалку инклузивни земји во светот се Јемен, Ирак, Судан, Мароко и Руанда.

Индексот на инклузивност е сеопфатен извештај за состојбата со инклузијата во светот. Главни параметри кои се оценуваат се инклузивност на граѓаните во однос на пол, инвалидитет, раса, етничка и религиска припадност и во други области.

Слични содржини