
Кандидатот за претседател успеа да собере вкупно 171 поени врз основа на десетици прашања кои го опишуваат неговиот карактер
Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп е поголем психопат дури од Адолф Хитлер. Ова го тврди истражувач од Универзитетот во Оксфорд, пишува rt.com.
Психологот Кевин Датн започнал истражување на природата на Трамп откако ги класифицирал оние црти од неговата личност, кои се на границата на психијатриските отстапувања. Тој направил анализа не само на Трамп, а и на други историски фируги, користејќи психометриски инструменти, докажани во науката.
Според истражувањето Трамп успева да собере вкупно 171 поени врз основа на десетици прашања, кои го опишува неговиот карактер, што во споредба на личноста и карактеристике на Хитлер е за два поени повеќе во однос на овој психопат.
За споредба истражувачите наведуваат дека на прво место по психопатијата во нивниот список е Садам Хусеин, кој има 189 поени од така направениот тест, додека Хилари Клинтон е со оценка 152 поени. Уште поблиску до “нормалноста” е Маргарет Тачер со своите 136 поени, а Елизабет I има 130.
Датн објаснува дека од него е изработен тест на личностите по осум основни карактеристики кои ги доближуваат до сликата на психопат. Станува збор за безстрашност, стиденост добросрдечност, егоцентричност, безпоштедностт, самодоверба, харизма, нечесност и дефицити на емпатија и совест.
“Некои од овие карактеристики, како на пример безстрашност или имунитет кон стрес, можат да бидат позитивни. Други, како вина или незаинтересираност од иднината, се прилично негативни. Еден е студен, но со добро срце човек, ама може да придонесе за тоа како лидер што може да биде добро за општеството, така и обратно “, коментира за Телефграф Датън.
“Двајцата најголеми и страшни светски лидери можат да поседуваат огромно количество психопатични црти, но пак во комбинација, тие можат да доведат до голем успех”, објаснува психологот.